MK/Prabhupada 0301 - Најинтелигентните лица, тие танцуваат
Lecture -- Seattle, October 2, 1968
Сега ова движење на свесност за Кришна треба да го разбереме преку учењата на Господ Чаитанја. Тој е ... Пред петстотини години, се појавил во Бенгал, провинција во Индија и Тој посебно проповедаше движењето за свесност за Кришна. Неговата мисија е дека секој што е роден во Индија треба да ја прифати оваа порака за свесноста за Кришна, и да го прошири низ целиот свет. За да ја извршиме таа наредба, дојдовме во вашата земја. Моето барање е да се обидете да го разберете ова движење за свесност за Кришна, со сето свое знаење, испитувачки. Не го прифаќајте слепо. Обидете се да разберете со вашите аргументи, знаење, логика, реализација - вие сте човечко суштество - и ќе го најдете возвишено, возвишено, несомнено. Ја објавивме оваа книга, Учењата на Господ Чаитанја, и други книги, исто така, многу книги. Затоа обидете се да ги прочитате. И ги имаме нашите списанија, Враќање кон Бога. Ние не сме сентименталисти, бидејќи едноставно танцуваме. Танцувањето има голема вредност; така, ако танцувате со нас, ќе го почувствувате. Не е тоа дека некои луди следбеници танцуваат. Не. Најинтелигентните лица, тие танцуваат. Тоа е толку убаво направено, што дури и едно момче - како ова овде, тоа е момче - тоа може да учествува. Универзално. Придружете се, пејте Харе Кришна и танцувајте, и ќе сфатите. Многу едноставен метод. Вие не мора да разберете некој висок стандард на филозофија или игра на зборови, ова или она. Едноставна работа. Што е едноставна работа? Бог е возвишен, секој знае, и ние сме дел од возвишеното. Значи, кога сме во комбинација со возвишените, исто така сме возвишени. Исто како и вашето тело, мал дел од вашето тело, малиот прст или палецот, тоа ја има истата вредност на целото тело. Но, откако тој мал дел или голем дел е одделен од телото, нема вредност. Нема вредност. Овој прст, многу мал дел од вашето тело. Ако има болка, трошите илјадници долари. Вие му плаќате на лекарот, за да ја излечи болката, илјадници долари, и кога лекарот вели дека "Овој прст треба да биде", како се нарекува, „дислоциран или отсечен, разделен, инаку целото тело ќе биде заразено“ па кога овој прст ќе биде отсечен од вашето тело, не се грижете за тоа. Нема повеќе вредност. Само обидете се да разберете. Машината за пишување, мала завртка, кога недостасува, вашата машина не работи добро, одите во сервис за поправка. Тој наплатува десет долари. Вие му плаќате веднаш. Таа мала завртка, кога е надвор од таа машина, нема вредност ни за денарче. Слично на тоа, сите ние сме делчиња од Севишниот. Ако работиме со Севишниот, тоа значи дека ако работиме во свесноста за Кришна или за Бога, дека „јас сум делче ...“ Исто како овој прст работи целосно во свесноста на моето тело. Секогаш кога има мала болка, можам да ја почувствувам. Слично на тоа, ако се поврзете со свесноста за Кришна, ќе живеете во нормална состојба, вашиот живот е успешен. И откако ќе бидете одвоени од свесноста за Кришна, сите неволји се таму. Сите неволји се таму. Има многу примери кои ги цитираме секој ден на лекција. Значи, треба да ја прифатиме свесноста за Кришна, ако воопшто сакаме да бидеме среќни, и да се најдеме во нашата нормална состојба. Ова е движењето за свесност за Кришна.