MK/Prabhupada 0302 - Луѓето не се склони да се предадат



Lecture -- Seattle, October 2, 1968

Прабхупада: Ги читаме Учењата на Господ Чаитанја. Почнавме на нашиот последен состанок и повторно ќе го прочитаме. Ќе го читате? Да.

Тамала Кришна: Страница дваесет и девет, но каде застана со читањето?

Прабхупада: Прочитајте било каде, тоа е сè. Да.

Тамала Кришна: Во ред. „Во Бхагавад-гита дознаваме дека изворната природа на секое суштество е духовната душа. Тоа не е материја. Затоа, како духовна душа, тој е составен дел на Врховната Душа, Апсолутната Вистина, Божјата Личност. Исто така, учиме дека задачата на духовната душа е да се предаде, бидејќи само тогаш таа може да биде среќна. Последното упатство во Бхагавад-гита е дека духовната душа треба целосно да се предаде, на Врховната душа, Кришна, и така да се сфати среќата. Тука, исто така, Господ Чаитанја одговара на прашањата на Санатана, ја повторува истата вистина, но без да му даде информации за духовната душа која е веќе опишана во Гита.“

Прабхупада: Да. Поентата е во тоа што изворната положба на духовната душа, е многу детално објаснета во Шримад Бхагавад-гита. Сега последното упатство од Бхагавад-гита, како што вели Кришна, sarva-dharmān parityajya mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja (БГ 18.66). Тој го поучи Арџуна на сите видови јога системи, сите видови на верски ритуалистички процеси, жртвувања и филозофски шпекулации, изворната положба на ова тело, изворната положба на душата. Тој сè опишал во Бхагавад-гита. И, конечно, му вели на Арџуна: „Драги мој Арџуна, бидејќи ти си мој многу близок и драг пријател, затоа ти го кажувам најдоверливиот дел од ведското знаење.“ И што е тоа? „Ти едноставно предај ми се Мене.“ Тоа е се. Луѓето не се склони да се предадат; затоа мора да научат толку многу работи. Исто како детето, тоа едноставно има чувство да се предаде на родителите, тоа е среќно. Нема потреба од учење на филозофија, како да се живее многу среќно. Детето е целосно зависно од грижата на родителите и тоа е среќно. Едноставна филозофија. Но, бидејќи напредувавме во цивилизацијата, во знаењето, затоа ние сакаме да ја разбереме оваа едноставна филозофија во толку многу игри на зборови. Тоа е се. Значи, ако сакате да ги учите игри на зборови, тогаш на движењето за свесност за Кришна тоа не му недостасува. Имаме многу филозофски книги. Но, ако го прифатите овој едноставен процес, мораме да ... Бог е возвишен, а ние сме негови делчиња; затоа мојата должност е да му служам и да му се предадам на Бога. Тоа е се. Чаитанја Махапрабху, без да ги објаснува изворната позиција, филозофијата, знаењето, и многу други работи, јога систем, Тој веднаш го започнува тоа основната положба на живото суштество е да му служи на Возвишената целина. Тоа е ... Тоа е почеток на учењето на Чаитанја Махапрабху. Тоа значи дека од каде завршува учењето на Бхагавад-гита, од таму започнува Чаитанја Махапрабху.

Прабхупада: Да. Продолжи.

Тамала Кришна: „Тој започнува од местото каде што Кришна ги завршил своите упатства. Прифатено е од возвишени посветеници дека Господ Чаитанја е Самиот Кришна, и од местото каде што ги завршил Своите упатства во Гита, Тој сега ги започнува своите упатства повторно кон Санатана. Господ му рече на Санатана: „Твојата изворна положба е да си чиста жива душа. Ова материјално тело не е идентитетот на вашето вистинското јаство, ниту вашиот ум е вашиот вистински идентитет, ниту вашата интелигенција, ниту пак лажното его е вистинскиот идентитет на јаството. Вашиот идентитет е дека сте вечен слуга на Севишниот Бог Кришна.“

Прабхупада: Сега тука има некои важни поенти, дека во нашата самореализација, оние кои се грубо на материјалната платформа, тие мислат дека се ова тело, „Јас сум ова тело.“ Јас сум ова тело, телото значи сетилата. Затоа моето задоволство значи задоволување на сетилата - сетилно задоволување. Ова е најгрубата форма на самореализација. Ова тело исто така е јаство. Телото е јаство, умот е јаство и душата е исто така јаство. Јаство, синоним. Телото, умот и душата, и двете се ... Три од нив се нарекуваат јаство. Сега во најгрубата фаза од нашиот живот, мислиме дека ова тело е „јаство.“ И во посуптилната фаза сметаме дека умот и интелигенцијата се јаство. Но, всушност, јаството е над ова тело, над овој ум, над оваа интелигенција. Тоа е позицијата. Оние кои се грубо на телесно сваќање на самореализацијата, тие се материјалисти. И оние кои се на ниво на умот и интелигенцијата, тие се филозофи и поети. Тие филозофираат, или ни даваат некоја идеја во поезијата, но нивното сфаќање сепак е погрешно. Кога ќе дојдете до точката на духовно ниво, тогаш тоа се нарекува девоциска служба. Тоа го објаснува Чаитанја Махапрабху.