MK/Prabhupada 0328 - Движењето за Свесност за Кришна е Сеопфатно



University Lecture -- Calcutta, January 29, 1973

Движењето за свесност за Кришна е сеопфатно. Може да ги реши сите проблеми во светот - политички, социјални, економски, религиозни, сè. Тоа е сеопфатно. Моето барање е да работам сега со моите американски посветеници и европски посветеници. Зошто не и со Индијците? Мислам дека на оваа средба има многу млади луѓе, образовани, учени луѓе. Придружете се на ова движење и според наредбата на Шри Чаитанја Махапрабху,

bhārata-bhūmite manuṣya janma haila yāra
janma sārthaka kari' karo paropakāra
(ЧЧ Ади 9.41)

Ова е време да се прават добротворни активности за целиот свет. Тие се соединети со збунетост, насекаде. Знаете во западните земји, за хипи движењето. Што се хипиците? Тие исто така се образовани, потекнуваат од многу богати семејства, но не им се допаѓа средината како што ја сакале нивните татковци и дедовци. Тие одбија. Ова е златна можност да се проповеда култот за Кришна низ целиот свет. Се жалите затоа што неколку метри земја е одземена од вашата земја како Пакистан, но, ако го раширите ова движење за свесност за Кришна, целиот свет ќе стане Хиндустан. Постои таква моќ; Ви ја давам мојата директна перцепција. Луѓето копнеат по тоа. Толку долго сум во Индија, практично си го губам времето. Надвор од Индија, овој прием е сфатен толку сериозно што секој мој момент е правилно искористен.

Дојдов на овој универзитет со надеж дека некои од вас навистина ќе станат брахмани. Одделот за санскрит е наменет за брахмани. Paṭhan pāṭhan yajana yājana dāna pratigraha. Брахмана се нарекува пандита. Зошто? Затоа што брахмана мора да е образуван. Брахмана не се нарекува будала. Овој оддел, одделот за санскрит, е наменет за брахмани. Затоа посакувам некои од вас да се приклучат на ова движење, да одат во странство, да го проповедаат овој возвишен култ на Чаитанја Махапрабху. Pṛthivīte āche yata nagarādi grama. Има голема потреба. Ние, се разбира, воспоставивме толку многу храмови, но сеуште бараме да основаме храмови, Храмови на Радха-Кршна, храм на Чаитанја Махапрабху, во секое село, секој град во светот. Сега од секој наш центар испраќаме посветеници во автобуси. Тие одат во внатрешноста, во селата во Европа и Америка и се многу добро примени. Особено во Англија, одат од село до село. Тие се многу добро примени. Овој култ е толку убав. Дури и христијанските свештеници, тие се изненадени. Тие се изненадени. Еден од свештениците во Бостон, тој издаде брошура во која се вели: „Овие момчиња, тие се наши момчиња, христијани и Евреи. Пред ова движење не се грижеа ниту да доаѓаат во црквите. Сега тие се луди по Бога“, признаваат тие. Христијанската свештеничка класа, тие не се против нас. Оние кои се разумни, тие признаваат: „Свамиџи дава нешто опипливо“. Нивните татковци и предци доаѓаат кај мене. Тие се поклонуваат. Тие велат: „Свамиџи, за нас е голема среќа што дојдовте во нашата земја“. Јас работам сам, а движењето се цени. И ако се појават луѓе, ученици од овој Универзитет и подучуваат за движењето... За тоа е наменето. Работата на Брахмана е тоа, проповедање. Brahmā jānāti. Секој мора да го знае Брахман и да го дистрибуира знаењето за Brahmā jānāti. Тоа е работа на брахманите.