MK/Prabhupada 0329 - Ќе Убиеш Крава или ќе Убиеш Зеленчук, Грешната Реакција е Таму



Room Conversation -- April 23, 1976, Melbourne

Г-дин Диксон: Правилото за јадење месо, дали тоа произлегува од фактот дека животните имаат свој живот согласно со...

Прабхупада: Зеленчукот има живот.

Г-дин Диксон: Да. Тоа што го прашувам е затоа што животните имаат поголем приоритет во животот од зеленчукот?

Прабхупада: Нема прашање за приоритет. Нашата филозофија е дека сме Божји слуги. Бог ќе јаде, остатоците од храна што ќе ги остави ние ќе ги земеме. Во Бхагавад-гита... Ќе го најдете овој стих. Patraṁ puṣpaṁ phalaṁ toyaṁ yo me bhaktyā prayacchati (БГ 9.26). Исто како што дојдовте овде. Ако сакам да ви понудам нешто за јадење, моја должност е да ве прашам, „Господине Никсон, која храна сакате да ја јадете? Така, вие кажувате: „Многу ми се допаѓа ова“. Потоа, ако ви ја понудам таа храна, тогаш ќе бидете задоволни. Ние го повикавме Кришна во овој храм, па чекаме, каква храна Тој сака да јаде? Тој рече дека ...

Гуру-Крипа: „Ако некој ми понуди со љубов и посветеност лист, цвет, овошје или вода, ќе го прифатам“.

Прабхупада: Patraṁ puṣpaṁ phalam. Тој бара многу едноставни нешта што секој може да ги понуди. Исто како малку ливчиња, патрам, малку цвеќенца, пушпам, малку овошје и малку течности, или вода или млеко. Значи ние го нудиме тоа. Ние правиме различни јадења со овие состојки, patraṁ puṣpaṁ phalaṁ toyam (БГ 9.26), и откако Кришна ќе јаде, ние го земаме. Ние сме слуги; ги земаме остатоците од храна што ги остава Кришна. Ние не сме ниту вегетаријанци ниту невегетаријанци. Ние сме прасадианци. Не ни е гајле за зеленчук или не зеленчук, бидејќи или ќе убиеш крава или ќе убиеш зеленчук, грешното дело е таму. И според природниот закон, се вели дека животните, кои немаат раце, тоа е храна за животните со раце. И ние сме животни со раце. Ние човечките суштества, ние сме и животни со раце, и тие се животни - немаат раце туку четири нозе. И има животни кои немаат нозе, тоа е зеленчукот. Apadāni catuṣ-padām (ШБ 1.3.47). Овие животни кои немаат нозе, тие се храна за животните со четири нозе. Како што кравата јаде трева, козата јаде трева. Јадењето зеленчук, нема заслуга. Тогаш козите и кравите имаат се повеќе заслуги, имаат повеќе заслуги, затоа што не допираат ништо освен зеленчукот. Ние не проповедаме да станеме кози и крави. Не. Ние проповедаме да станете слуги на Кришна. Значи, што и да јаде Кришна, ние јадеме. Ако Кришна вели „Дај ми месо, дај ми јајца“, ќе му понудиме на Кришна месо и јајца и ќе го земеме. Немојте да мислите дека сме по вегетаријанството или невегетаријанството. Не. Тоа не е наша филозофија. Бидејќи земаш или зеленчук или месо, ти убиваш. И мора да убиеш затоа што во спротивно не можеш да живееш. Тоа е начинот на природата.

Г-дин Диксон: Да.

Прабхупада: Значи, ние не сме за тоа.

Г-дин Диксон: Па, зошто ставате ограничувања на ...

Прабхупада: Ваквото ограничување, за нејадење месо, бидејќи е потребна заштита на кравите. Потребно ни е млекото. И ако наместо да земеме млеко, ги јадеме кравите, тогаш каде е млекото?

Г-дин Диксон: Значи млекото е многу важно.

Прабхупада: Многу, многу важно.

Г-дин Диксон: Во однос на производството на храна во светот, светот би бил многу подобар без да јаде животни.

Прабхупада: Не, потребно е млекото. Потребна е малку масна витаминска храна. Таа потреба се обезбедува со млекото. Затоа конкретно ...

Г-дин Диксон: Не можеше ли да ги добиеш сите потребни состојки што ги бараш од житарките?

Прабхупада: Зрна, не. Зрната, тие се скроб. Според медицинската наука, потребни ни се четири различни групи: скроб, јаглени хидрати, протеини и масти. Тоа е полна храна. Така можете да ги добиете сите овие работи со јадење ориз, дал - мешунки и житарици. Овие работи содржат... Мешунките и житариците содржат протеини. И млекото содржи протеини. Значи протеин ни треба. Маснотиите што ги добиваме од млекото. Потребни се масти. И од зеленчук, јаглени хидрати; и од житарките, скроб. Ако подготвите убава храна со сите овие состојки, ќе се заситите. И понудете му на Кришна, тогаш тоа е прочистено. Тогаш сте ослободени од сите грешни активности. Инаку и да убиеш зеленчук, грешен си затоа што тоа има живот. Немаш право да убиеш друг живот. Но, треба да го живеете животот. Ова е вашата позиција. Затоа, решението е да земете прасадам. Ако има грев со јадењето зеленчук или месо, тоа оди кај оној што го јаде. Ние ги земаме остатоците, тоа е сè.