MK/Prabhupada 0330 - Секој Поединечно Треба да се Грижи за Себе



Lecture on BG 1.26-27 -- London, July 21, 1973

Ако мислиме дека „Во ова материјално постоење ќе бидам безбеден, потпомогнат од моето општество, пријателството, љубовта, земјата и политиката и социологијата“, „Не, не, господине, тоа не е можно“. Тоа е невозможно. Мора да се грижите за себе. Вашето таканаречено општество, пријателството, љубовта, земјата, нацијата никогаш нема да можат да ви помогнат. Затоа што сте во канџите на маја. Daivī hy eṣā guṇamayī mama māyā duratyayā (БГ 7.14).

guṇaiḥ karmāṇi sarvaśaḥ
ahaṅkāra-vimūḍhātmā
kartāham iti manyate
(БГ 3.27)

Вие сте во канџите на маја. Немате независност. Никој нема таква слобода за да ве спаси. Тоа не е можно. Истиот пример како што го наведов претходно, учиш да возиш авион. Одите високо на небото. Но, ако сте во опасност, ниту еден друг авион не може да ви помогне. Завршивте. Затоа мора да бидете многу внимателен пилот за да се грижите за себе. Слично, во овој материјален свет секој поединечно треба да се грижи за себе. Како може да бидеме спасени од канџите на маја. Тоа е движењето за свесноста за Кришна. Учителот може да ви даде совети. Ачарјата може да ви даде совети „Можете да се спасите на овој начин“. Но, извршувањето на обврските е во ваши раце. Ако правилно ги извршувате духовните должности, тогаш сте спасени. Инаку, дури и ако ачарјата те поучува, но не ги следиш, па како да те спаси? Тој може да те спаси со поучување, со неговата милост, колку што е можно повеќе. Но, треба сериозно да го земете тоа во вашите раце.

Значи овој проблем е... Арџуна сега се соочува со овој проблем. Тоа е општ проблем. Dehāpatya-kalatrādiṣu. Дехапатја. Деха значи ова тело. Апатја значи деца. Калатра значи сопруга. Dehāpatya-kalatrādiṣv ātma-sainyeṣv asatsv api (ШБ 2.1.4). Мислиме: „Ќе бидеме заштитени од овие мои војници. Ги имам синовите, внуците, дедо ми, свекорот, деверот, моето општество, пријателствата и љубовта“. Сите размислуваат така. „Мојата нација, мојата заедница, мојата филозофија, мојата политика. Не. Ништо не може да те спаси. Dehāpatya-kalatrādiṣu asatsu api. Сите тие се привремени. Тие доаѓаат и си одат. Asatsu api. Pramatto tasya nidhanaṁ paśyann api na paśyati. Оној кој е премногу приврзан за ова општество, пријателство и љубов, тој е праматта. Праматта значи луд, лудак. Paśyann api na, tasya nidhanam. Тој не гледа. Иако гледа дека „Татко ми умре. Кога бев дете, татко ми ми даваше заштита. Сега татко ми си замина. Кој ќе ме заштити? Дали татко ми е жив за да ме заштити? Кој ме заштитува? Мајка ми ме заштитуваше. Сега кој ќе ме заштити? Бев во семејство со синови, ќерки, сопруга, но ги оставив. Сега кој ме заштитува?" Всушност, Кришна секогаш ве заштитува. Не вашето општество, пријателството и љубовта. Тие ќе бидат завршени.