MK/Prabhupada 0341 - Оној кој е Интелигентен ќе го прифати овој процес



Lecture on BG 9.1 -- Melbourne, June 29, 1974

Прабхупада: Хм? Мадхудвиша: Праша, кое знаење Кришна му го разоткрил на Арџуна? Прабхупада: Да. Кришна, рекол: „Ти, ништожнику, предади ми се Мене“. Сите, вие сте ништожници, предадете му се на Кришна. Тогаш, вашиот живот ќе биде успешен. Ова е сума и суштина на Кришнините упатства. „Sarva-dharmān parityajya mām ekaṁśaraṇaṁ vraja“ (БГ 18.66). Кришна тоа не го говори само на Арџуна. Тој ни говори, на сите нас, на сите ништожници, дека: „Произведувате толку многу работи, за да постанете среќни. Бидете сигурни дека никогаш, нема да бидете среќни. Предајте ми се Мене и јас ќе ве направам среќни“. Тоа е свесност за Кришна, тоа е се. Еден стих. Така, личноста која е интелигентна, ќе го прифати овој процес, затоа што: Дадов се од себе да постанам среќен, но се покажа, неуспешно. Сега, да му се предадам на Кришна“. Тоа е се.