MK/Prabhupada 0370 - Што се однесува до мене, не земам никакви заслуги

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Што се однесува до мене, не земам никакви заслуги
- Prabhupāda 0370


Conversation with Prof. Kotovsky -- June 22, 1971, Moscow

Било кој ортодоксен Хинду може да дојде, но го добивме нашето оружје, ведски докази. Значи, никој не дошол. Но, дури и христјански свештеник... Дури и христијанските свештеници во Америка, тие ме сакаат. Велат дека: „Овие момци, наши момци, тие се Американци, тие се Христијани, тие се Евреи. А овие момци, се толку за Бога, а ние не можеме, да ги спасиме?“ Тие признаваат. Нивните татковци, нивните родители, доаѓаат кај мене. Тие, исто така, го нудат своето почитување и велат: „Свамиџи, ова е наша голема среќа, што сте дошле. Вие учите Свесност за Бог“. Значи, напротив, јас добив прием, од други земји. И Индија, исто така, како што прашувате за Индија, сите останати секти, тие признаваат дека, пред мене, повеќе стотини свамија заминале таму, но не можеле, ни една личност да ја преобратат во Свесност за Кришна. Тие се восхитуваат на тоа. Што се однесува до мене, не земам никакви заслуги, но јас сум сигурен дека со претставување на Ведското знаење какво што е, без додатоци, тоа е ефикасно. Тоа е мојот придонес. Токму, ако добиете вистински лек и ако го дадете на пациентот, морате да бидете сигурни, дека ќе се излечите.