MK/Prabhupada 0438 - Кравјиот измет исушен и изгорен во пепел, се користи како паста за заби

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Кравјиот измет исушен и изгорен во пепел, се користи како паста за заби
- Prabhupāda 0438


Lecture on BG 2.8-12 -- Los Angeles, November 27, 1968

Во Ајур-веда, кравјиот измет исушен и изгорен во пепел се користи како паста за заби. Тоа е многу антисептична паста за заби. Слично на тоа, има многу работи, многу забрани во Ведите, што наводно може да изгледаат како контрадикторни, но тие не се контрадикторни. Тие се од искуство, од трансцендентално искуство. Исто како кога таткото му вели на своето дете, „Драго мое дете, земи ја оваа храна. Многу е добра.“ И детето јаде, верувајќи му на таткото, авторитетот. Таткото вели ... Детето знае дека „татко ми ...“ Тоа е убедено дека „татко ми никогаш нема да ми даде нешто што е отров.“ Затоа, тоа го прифаќа слепо, без никаква причина, без каква било анализа на храната, без разлика дали е чиста или нечиста. Мора да верувате на овој начин. Одите во хотел, бидејќи е овластен од владата. Треба да верувате дека кога земате храна таму, таа е добра, чиста или антисептична, или тоа е ... Но, како го знаете тоа? Авторитети. Бидејќи овој хотел е овластен од владата, тој има лиценца, затоа верувате. Слично на тоа, śabda-pramāṇa значи штом има докази, во ведската литература, „Ова е ова,“ треба да го прифатите. Тоа е се. Тогаш вашето знаење е совршено, затоа што прифаќате работи од совршениот извор. Слично, Кришна, Кришна е прифатен како Врховна Божествена Личност. Што и да рече, се е во ред. Прифатете. Арџуна рече на крај, sarvam etad ṛtaṁ manye (БГ 10.14). „Драг мој Кришна, што и да речете го прифаќам.“ Тоа треба да биде наш принцип. Зошто треба да се грижиме за истражување, кога доказите постојат од авторитет? За да си заштеди време, за да си ги спаси маките, човек мора да го прифати авторитетот, вистински авторитет. Ова е ведскиот процес. И затоа Ведите велат, tad vijñānārthaam sa gurum evābhigacchet (МУ 1.2.12).