MK/Prabhupada 0444 - Гопиите не се Условени души, Тие се Ослободени души

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Гопиите не се Условени души, Тие се Ослободени души
- Prabhupāda 0444


Lecture on BG 2.8-12 -- Los Angeles, November 27, 1968

Прабхупада: Хм? Посветеник: Прочитав негде во твоите списи дека, за да ги разбереме доверливите односи помеѓу Радха и Кришна, мораме да ги служиме гопиите кои се слуги на гопиите и јас предпоставив дека, вие сте слуги на гопиите. Дали е тоа точно? Или...Како ги служам слугите на гопиите? Прабхупада: Гопиите, тие не се условени души. Тие се ослободени души. Затоа, пред се, морате да излезете надвор од овој условен живот. Тогаш, прашањето за служењето на гопиите ќе дојде. Во сегашниот момент, немојте да бидете многу желни да ги служите гопиите. Само обидете се да излезете од Вашиот условен живот. Потоа, ќе дојде време кога ќе можете да ги служите гопиите. Во оваа условена состојба, ние не можеме да го служиме никој, Кришна тоа го прави. Но, Кришна нас ни дава можност за служба, arcā-mārga. Исто како што ние го држиме ова Божество на Кришна, регулирано нудиме прасадам, следејќи ги принципите. Затоа, мораме да напредуваме, на овој начин, ова мантрање, слушање и овожавање во храмот, арати, нудење на прасадам. На тој начин, додека напредуваме, Кришна автоматски ќе ви се разоткрие и ќе ја разберете вашата положба, како треба да... Гопии значи, оние кои се секогаш, константно вклулени во службата за Господ. Затоа, тој вечен однос ќе се разоткрие. И мораме да чекаме, за тоа. Веднаш, не можеме да имитираме како ги служиме гопиите. Тоа е добра идеја, да ги служите гопиите, но ќе треба време. Не веднаш.. Веднаш треба да ги следиме правилата и прописите и рутинската работа.