MK/Prabhupada 0458 - Го допирате Кришна со својот јазик, додека мантрате Харе Кришна

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Го допирате Кришна со својот јазик, додека мантрате Харе Кришна
- Prabhupāda 0458


Lecture on SB 7.9.6 -- Mayapur, February 26, 1977

Прабхупада: Како што Нарасимха дева ја допрел главата на Прахлад Махараџ, веднаш можете да ја имате, истата позиција. „Која е таа позиција? Како? Нарасимха дева не е овде. Кришна не е овде. Не. Тој е овде. Што е тоа?“ „Nama rūpe kali kale kṛṣṇa avatāra“ (ЧЧ Ади 17.22). Кришна е присутен, преку Неговото име, Кришна. Немојте да мислите дека Кришна, Харе Кришна, ова име е поинакво од Кришна. Апсолутно. Кришна, Божеството Кришна, името Кришна, личноста Кришна - се, иста Апсолутна Вистина. Нема разлика. И во ова време, едноставно со мантрање: „Kīrtanād eva kṛṣṇasya mukta-saṅgaḥ paraṁ vrajet“ (ШБ 12.3.51). Едноставно со мантрање на светото име на Кришна... „Nama-cintāmaṇi kṛṣṇaḥ caitanya-rasa-vigrahaḥ, pūrṇaḥ śuddho nitya-muktaḥ“ (ЧЧ Мадја 17.133). Немојте да мислите дека, светото име на Кришна е различно од Кришна. Тоа е pūrṇam. “Pūrṇaḥ pūrṇam adaḥ pūrṇam idam“ (Ишопанишад, Повик). Се е pūrṇa. Pūrṇa значи целосно. Ние се обидовме да ја објасниме, целосноста на нашата Ишопанишад. Сте прочитале. Затоа држете се до светото име на Кришна. Ќе го добиете истиот бенефит, како што Прахлад Махараџ го имал, со директен допир на лотосовите дланки на Нарасимха дева. Нема разлика. Секогаш, размислувајте на тој начин, дека штом мантрате Харе Кришна, морате да знаете дека го допирате Кришна со вашиот јазик. Тогаш ќе го добиете истиот бенефит како Прахлад Махараџ. Ви благодарам многу. Посветеници: Џаја!