MK/Prabhupada 0678 - Лицето свесно за Кришна е секогаш во јога транс



Lecture on BG 6.25-29 -- Los Angeles, February 18, 1969

Вишнуџана: Стих 27: „Јоги чиј ум е фиксиран на Мене, навистина ја достигнува највисоката среќа. Врз основа на неговиот идентитет со Брахман, тој е ослободен, неговиот ум е мирен, неговите страсти се смируваат и тој е ослободен од гревот (БГ 6.27).“ Дваесет и осум: „Самоовладеан, ослободен од секаква материјална загаденост, јогито го постигнува највисокото ниво на совршена среќа, во допир со Врховната свест (БГ 6.28).“ Прабхупада: Тука е совршенството: „Јоги чиј ум е фиксиран на Мене.“ Мене значи Кришна. Кришна зборува. Ако кажам „Дајте ми една чаша вода.“ Тоа не значи дека водата треба да се доставува до некој друг. Слично, Бхагавад-гита е кажана од Господ Кришна и Тој вели „Мене.“ „Мене“ значи Кришна. Ова е јасно разбирливо. Но, има многу преведувачи кои отстапуваат од Кришна. Не знам зошто. Тоа е нивниот лош мотив. Не. „Мене„ значи Кришна. Лицето свесно за Кришна е секогаш во јога транс. Продолжи.