MK/Prabhupada 1000 - Маја секогаш гледа можност, изговор, како повторно да ве фати

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Маја секогаш гледа можност, изговор, како повторно да ве фати
- Prabhupāda 1000


730406 - Lecture SB 02.01.01-2 - New York

Прабхупада: Ова е одлична наука. Луѓето не го знаат тоа. Движењето за свесност за Кришна е многу научно, овластено. Наша работа е да ги просветлиме луѓето што е можно повеќе, а во исто време мораме да останеме просветлени. Можеби повторно нема да сме прекриени од темнината на маја. Затоа треба да бидеме ... Затоа треба да се одржувате себеси за да не бидете прекриени со маја. Mām eva ye prapadyante māyām etāṁ taranti te BG 7.14)БГ 7.14]]). Ако многу строго се придржувате кон принципите на свесноста за Кришна, тогаш маја нема да може да ве допре. Тоа е единствениот лек. Во спротивно, маја секогаш гледа можноста, дупка, како повторно да ве фати. Но, ако останете строго во свесноста за Кришна, маја нема да може да стори ништо. Mām eva ye prapadyante. Daivī hy eṣa guṇa-mayī mama māyā duratyayā BG 7.14)БГ 7.14]]). Многу е тешко да се излезе од канџите на маја. Многу е тешко. Но, Кришна вели: mām eva ye prapadyante māyām etāṁ taranti te: BG 7.14)БГ 7.14]]) ако некој строго се држи до лотосовите стапала на Кришна, секогаш ... Затоа нашата, оваа програма е дваесет и четири часа размислување за Кришна. Satatam. Satataṁ cintayo kṛṣṇa. Kīrtanīyaḥ sadā hariḥ (ЧЧ Ади 17.31). Ова се препораките. Ако едноставно мислиме на Кришна ... Ако не можете да направите ништо, едноставно мислете на Него. Тоа е највисокото медитативно совршенство. Секогаш пејте ја Харе Кришна мантрата, бидете во допир со Кришна на различни начини, тогаш сте безбедни. Маја нема да може да ве допре. Ако можеме некако да ги поминеме нашите денови а во времето на смртта да се сеќаваме на Кришна, тогаш целиот живот е успешен. Ви благодарам многу. Посветеници: Ви благодариме, сета слава на Прабхупада!