MK/Prabhupada 1036 - Постојат седум планетарни системи над нас и седум планетарни системи под нас, исто така

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Постојат седум планетарни системи над нас и седум планетарни системи под нас, исто така
- Prabhupāda 1036


720403 - Lecture SB 01.02.05 - Melbourne

Шјамасундара: Седумте планетарни системи, дали тие одговараат на седумте бои и седумте накити на јогито? Прабхупада: Не. Над нас има седум планетарни системи и седум планетарни системи под нас, исто така. Затоа, овој универзум се нарекува caturdaśa-bhuvana: „Четиринаесет планетарни системи.“ Оваа се нарекува Бхурлока. Над оваа, тука е Бхувалока. Над неа, е Џаналока. Над неа, е Махарлока. Над неа, е Сатјалока. Над нив, е Брахмалока, највисокиот планетарен систем. Слично на тоа, исто така, имаме Тала, Атала, Талатала, Витала, Патала, Расатала. Овие информации ги добиваме од ведската литература, четиринаесет света. Секој универзум се состои од овие четиринаесет планетарни системи, и постојат безбројни универзуми. Исто така, добиваме информации од Брахма-самхита. Yasya prabhā prabhavato jagad-aṇḍa-koṭi (БС 5.40). Jagad-aṇḍa-koṭi. Јагад-анда значи дека овој универзум е голем, сакам да кажам, по волумен. Исто како анда, јајце. Сè, секоја планета е иста како јајцето. Овој брахманда, овој универзум, исто така е како јајце. Има многу, многу, многу милиони џагад-анда. И во секоја џагада-анда, koṭiṣu vasudhadi-vibhuti-bhinnam, постојат и безбројни планети. Овие информации ги добиваме од ведската литература. Ако сакате, можете да прифатите. Ако не ви се допаѓа можете да одбиете. Тоа е до вас.