MK/Prabhupada 1041 - Едноставно со Симптоматско Лекување Не Можете да го Направите Човекот Здрав

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Едноставно со Симптоматско Лекување Не Можете да го Направите Човекот Здрав
- Prabhupāda 1041


751001 - Lecture Arrival - Mauritius

Целиот свет е под телесниот концепт на живот, па дури и големите, големите нации. Исто како вашиот премиер, отишол во Обединетите нации. Има многу големи, големи луѓе во Обединетите нации. Тие ќе зборуваат, а тие зборуваат во последниве триесет години. Обединетите нации се формирани, но тие не можат да најдат решение за проблемите на животот, бидејќи основниот принцип го губат; тие не знаат. Секој од нив размислува на телесно ниво: „Јас сум Индиец,“ „Јас сум Американец,“ „Јас сум Германец“ и „Јас сум Англичанец.“ Затоа не постои решение, бидејќи основниот принцип е погрешен. Освен ако не разбереме што е погрешно за активниот принцип на телото, проблемите не можат да се решат. Исто како ако не можете да ја дијагностицирате болеста, едноставно со симптоматски третман не можете да го направите човекот здрав. Тоа не е можно. Движењето за свесноста за Кришна не е на телесниот концепт на животот. Тоа е движењето за основниот принцип на душата. Која е душата, каква е потребата на душата, како душата ќе биде мирна, среќна. Тогаш сè ќе биде во ред.