MK/Prabhupada 1042 - Гледам во Вашиот Маурициус, Имате Доволно Земјиште за Производство на Житарици

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Гледам во Вашиот Маурициус, Имате Доволно Земјиште за Производство на Житарици
- Prabhupāda 1042


751002 - Lecture SB 07.05.30 - Mauritius

Овие работи треба да се забележат, како тие се ангажирани во грешни активности. И решението е дадено во Бхагавад-гита „Производувајте житарици.“ Annād bhavanti bhūtāni (БГ 3.14). Гледам во вашата земја Маурициус имате доволно земјиште за производство на житарици. Произведувајте житарици. Јас разбирам дека наместо да произведувате житарици, произведувате шеќерна трска за извоз. Зошто? И вие сте зависни од житарици, од ориз, пченица, сув грашак. Зошто? Со каква намера? Вие најпрво произведете го сопственото јадење. И ако има време и ако вашето население има доволно житарици, тогаш можете да се обидете да произведувате други овошја и зеленчуци за извоз. Прво е дека треба да ги задоволите сопствените потреби. Тоа е Божјиот аранжман. Насекаде има доволно земјиште за производство на житарици. Не само во вашата земја; Патував низ целиот свет - Африка, Австралија и други, во Америка, исто така. Има толку многу слободно земјиште и ако произведуваме житарици, тогаш можеме да нахраниме десет пати повеќе од популацијата, отколку во моментов. Не е прашање на немаштија. Целата креација е направена од Кришна сè е пурнам, целосна. Pūrṇam idam pūrṇam adaḥ pūrṇāt pūrṇam udacyate, pūrṇasya pūrṇam ādāya pūrṇam evāvaśiṣyate (Ишо Повик). Ако не произведуваме житарици - ви треба тоа - и ги ставаме луѓето непотребно во немаштија, тоа е грешно. Тоа е грешно.