MK/Prabhupada 1080 - Кратко Резиме на Бхагавад Гита - Постои само Еден Бог, а тој Бог е Кришна, кој не е секташки Бог

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Кратко Резиме на Бхагавад Гита - Постои само Еден Бог, а тој Бог е Кришна, кој не е секташки Бог
- Prabhupāda 1080


660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

Во последното поглавје на Бхагавад Гита, Бог вели многу јасно: „Ahaṁ tvāṁ sarva-pāpebhyo mokṣayiṣyāmi mā śucaḥ“ (БГ 18.66), ( „Јас ќе те избавам од сите грешни реакции. Не плаши се“ ). Господ превзема одговорност. За оној кој се предава на Господ, Тој превзема одговорност да го избави, од реакциите, на неговите гревови. „Mala-nirmocanaṁ puṁsāṁ jala-snānaṁ dine dine“ ( Гита Махатмја 3 ), ( Личноста може секојдневно да се прочисти со бањање во вода, но ако еднаш се избања во...), „sakṛd gītāmṛta-snānam saṁsāra-mala-nāśanam“ ( Гита Махатмја 3 ), ( „Светата вода на Ганга, за таа личност нечистотијата на материјалното живеење, одеднаш ќе биде победена“ ). Личноста, секојдневно се чисти, ако се бања во вода, но оној кој ќе се избања во светата вода на Ганга на Бхагавад Гита, нејзиниот нечист материјален живот, постанува во целост поразен. „Gītā su-gītā kartavyā kim anyaiḥ śāstra-vistaraiḥ“ ( Гита Махатмја 4 ), ( „Бидејќи Бхагавад Гита ја изговорила Севишната Божја Личност, нема потреба за читање на друга Ведска литература“ ), „yā svayaṁ padmanābhasya mukha-padmād viniḥsṛtā“ ( Гита Махатмја 4 ), ( „Оваа една книга, Бхагавад Гита, е доволна затоа што е суштина на Ведите и затоа што лично ја изговорил Врховниот Господ...“). Затоа што Бхагавад Гита е изговорена од Врховната Божја Личност, затоа...луѓето не мора да читаат друга Ведска литература. Поради тоа, ако внимателно и редовно ја читаме и ја слушаме Бхагавад Гита, gītā su-gītā kartavyā...тоа е тоа што треба да го усвоиме, по секоја цена. „Gītā su-gītā kartavyā kim anyaiḥ śāstra-vistaraiḥ“ ( Гита Махатмја 4 ), ( „Бидејќи Бхагавад Гита ја изговорила Севишната Божја Личност, нема потреба за читање на друга Ведска литература“ ). Поради тоа што, во овие времиња луѓето се збунети со толку многу работи, многу им е тешко, да го насочат своето внимание на Ведската литература. Оваа книга, Бхагавад Гита е доволна, бидејќи е суштина на целата Ведска литература и бидејќи ја изговорила Севишната Божја Личност. „Bhāratāmṛta-sarvasvaṁ viṣṇu-vaktrād viniḥsṛtam“ ( Гита Махатмја 5 ), ( „Пиејќи ја Ганга водата на Бхагавад Гита, која е сама суштина на Махабхарата - која доаѓа од лотосовите усни на Господ Вишну...“), „gītā-gaṅgodakaṁ pītvā punar janma na vidyate“ ( Гита Махатмја 5 ), ( „...личноста веќе никогаш, нема да се роди во материјалниот свет. Благодарејќи на рецитирањето на Гита, циклусот на раѓање и смрт, во потполност се завршува“ ). Се вели дека, оној кој пие вода од Ганга, бива ослободен, а што тогаш да речеме за Бхагавад Гита ? Бхагавад Гита е нектарот на целата Махабхарата и е изговорена од Вишну. Господ Кришна е оригиналниот Вишну. „Viṣṇu-vaktrād viniḥsṛtam“ ( Гита Махатмја 5 ). Доаѓа директно од устата на Севишната Божја Личност. И гангодакам, се вели дека Ганга извира од лотосовите стапала на Господ, а Бхагавад Гита извира од устата на Господ. Секако, нема разлика помеѓу устата и стапалата, на Севишниот Господ. Секако, од неутрална точка на гледање, проучувањето на Бхагавад Гита е поважно од водите на Ганга. „Sarvopaniṣado gāvo dogdhā gopāla-nandana“ ( Гита Махатмја 6 ), ( „Упанишадите се како крава, а Шри Кришна, синот на Нанда е тој кој ја молзи таа крава...“), „pārtho vatsaḥ su-dhīr bhoktā dugdhaṁ gītāmṛtaṁ mahat“ ( Гита Махатмја 6 ), ( „...Арџуна е како теле, прекрасниот нектар на Гита е млеко, а личноста со фин побожен интелект, која е посветена на Бог е таа која го пие тоа млеко“ ). Оваа Гитопанишада е како крава, а Господ е познат како краварче, кој ја молзе оваа крава. Зборот Сарвопанишадо значи: Бхагавад Гита овде представена како крава е основа на сите Упанишади. А, Господ кој е врвно краварче, ја молзе таа крава. А потоа, зборот pārtho vatsaḥ: Арџуна е како теле. Потоа, зборовите su-dhīr bhoktā, тоа се учените луѓе и чистите посветеници, кои го пијат тоа млеко. „Su-dhīr bhoktā dugdhaṁ gītāmṛtaṁ mahat“ ( Гита Махатмја 6 ), („...Арџуна е како теле, прекрасниот нектар на Гита е млеко, а личноста со фин побожен интелект, која е посветена на Бог е таа која го пие тоа млеко“ ). Нектарот, млекото на Бхагавад Гита е наменето за учените посветеници. „Ekaṁ śāstraṁ devakī-putra-gītam eko devo devakī-putra eva“ ( Гита Махатмја 7 ), ( „Потребна е само една света книга, божествената Гита, која ја испеал Господ Шри Кришна; постои само еден Бог, достоен за обожување, Шри Кришна,...“), „eko mantras tasya nāmāni yāni karmāpy ekaṁ tasya devasya sevā“ ( Гита Махатмја 7 ), ( „...една мантра - Неговите свети Имиња и само една должност - предадено, посветено служење на тој Врховен и славен Бог, Шри Кришна“ ). Светот треба да ја научи лекцијата од Бхагавад Гита. „Ekaṁ śāstraṁ devakī-putra-gītam“ ( Гита Махатмја 7 ), ( „Постои само една света книга, една заедничка света книга за цел свет...за луѓето од целиот свет - и тоа е оваа Бхагавад Гита“ ). Има само една книга, една заедничка книга за цел свет, за луѓето од целиот свет, а тоа е Бхагавад Гита. Devo devakī-putra eva. И има само еден Господ за цел свет, а тоа е Шри Кришна. И има само една мантра, tasya nāmāni. Една химна, мантра, една химна, една молитва, а таа химна е пеењето на Неговото име, Харе Кришна Харе Кришна Кришна Кришна Харе Харе Харе Рама Харе Рама Рама Рама Харе Харе. “Eko mantras tasya nāmāni yāni karmāpy ekaṁ tasya devasya sevā“ ( Гита Махатмја 7 ). И има само една работа, а тоа е служењето на Севишната Божја Личност. Ако една личност учи од Бхагавад Гита, тогаш личностите постануваат многу нетрпеливи, да имаат една религија, еден Господ, една света книга и еден бизнис, занимација во животот. Се ова е сумирано во Бхагавад Гита. Тој еден Бог е Кришна. Кришна не е секташки Бог. Името Кришна потекнува од зборовите Кри-шна, што значи Сепривелечен, најголемо задоволство.