MK/Prabhupada 1060 - Освен Ако Некој не ја Добие оваа Бхагавад Гита со Потчинет Дух

Revision as of 12:41, 15 July 2015 by Visnu Murti (talk | contribs) (Created page with "<!-- BEGIN CATEGORY LIST --> Category:1080 Macedonian Pages with Videos Category:Prabhupada 1060 - in all Languages Category:MK-Quotes - 1966 Category:MK-Quotes...")
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)


Invalid source, must be from amazon or causelessmery.com

660219-20 - Lecture BG Introduction - New York

О Кришна, се што ми кажа, Јас целосно го прифаќам како вистина (БГ 10.14). "Прифаќам и верувам на се што Ти кажа, дека се е така. И Твојата Личност, Твоја Божја Личност е многу тешко да се разбере. И затоа Тебе не можат да те препознаат дури и полубоговите. И затоа Тебе не можат да те препознаат дури и полубоговите." Тоа значи дека Свевишната Божја Личност не може да се препознае дури и од повозвишените личности од човечките суштества, и тогаш како човечкото суштество може да го разбере Шри Кришна, без да постане негов посветеник? Затоа Бхагавад Гита, треба да се прифати во духот на посветеник на Господ Шри Кришна. Никој не треба да мисли, дека е еднаков, на исто ниво со Шри Кришна, и не треба да мисли дека Тој е обична личност, можеби многу возвишена личност. Не. Господ Шри Кришна е Возвишената Божја Личност. Така барем теоретски, по изјавата на Бхагавад Гита или на изјавата, тврдењето на Арџуна, личноста која се обидува да ја разбере Бхагавад Гита, треба да го прифати Шри Кришна како Свевишна Божја Личност, а потоа со потчинет дух... Освен ако некој не ја добие оваа Бхагавад Гита со Потчинет Дух и ја чуе, мошне е тешко да се разбере Бхагавад Гита, бидејќи е голема тајна. Така да во оваа Бхагавад Гита...Ние можеме да истражиме што е оваа Бхагавад Гита. Оваа Бхагавад Гита е наменета за да се испорача на личности кои се во незнаење во ова материјално постоење. Секој човек е во неволја на толку многу начини, како што Арџуна бил во тешкотија, по прашањето на битката на Курукшетра. И како таков, тој се предал на Шри Кришна и затоа оваа Бхагавад Гита, била изговорена. Слично, не само Арџуна туку секој од нас е преполн со вознемиреност, поради нашето материјално постоење. Асад-грахат. Тоа е...Нашето постоење е во околина или атмосфера на непостоење. Но ние всушност, не сме непостоечки. Нашето постоење е вечно, но на овој или оној начин, ние сме ставени во овој асат. Асат значи што не постои. Сега, од толку многу човечки суштества, кои всушност се распрашуваат за својата позиција, за тоа кои се, и зошто се ставени во оваа незгодна позиција на страдање... Се додека, личноста не се разбуди и дојде до позиција да праша "Зошто Јас страдам ? Не го сакам, сето ова страдање. Се обидов, да пронајдаме решение за сите овие страдања и не успеав." Се додека, личноста не дојде во таа позиција, таа не може да се смета за совршено човечко суштество. Човештвото почнува, кога оваков тип на истражувања ќе се разбудат, во нечиј ум. Во Брахма-сутра, ова истрага се нарекува брахма-џиџњаса. Атато брахма џиџњаса. И секоја активност на човечкото суштество, се смета за неуспех без постоење на овакво истражување, во неговиот ум. Така да личностите, кои го разбудиле ова истражување, во нивниот ум, како "Што сум Јас, зошто Јас страдам, од каде Јас дојдов или каде Јас ќе одам после смртта," кога овие истражувања се случуваат, се разбудени во умот на нормалното човечко суштество, тогаш тоа е практично вистинскиот ученик, за разбирање на Бхагавад Гита. И тој мора да биде Шрадхаван. Шрадхаван. Тој мора да има почит, цврста почит за Свевишната Божја Личност. Таква личност, идеална личност бил Арџуна.