MK/Prabhupada 1057 - Бхагавад Гита е позната и како Гитопанишада, Суштина на Ведското знаење

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Бхагавад Гита е позната и како Гитопанишада, Суштина на Ведското знаење
- Прабхупада 1057


660219-20 - Предавање за Вовед во БГ - Њујорк

Прабупадa:

oṁ ajñāna-timirāndhasya
jñānāñjana-śalākayā
cakṣur unmīlitaṁ yena
tasmai śrī-gurave namaḥ

(Го нудам моето понизно почитување на мојот духовен учител, кој со факелот на знаењето ги отвори моите очи, кои беа ослепени со темнината на незнаењето.)

śrī-caitanya-mano-'bhīṣṭaṁ
sthāpitaṁ yena bhū-tale
svayaṁ rūpaḥ kadā mahyaṁ
dadāti sva-padāntikam

(Кога Шрила Рупа Госвами Прабупада, кој ја воспостави во овој материјален свет мисијата за остварување на желбите на Господ Чеитанја, ќе ми даде засолниште во неговите лотосови стапала?)

vande 'haṁ śrī-guroḥ śrī-yuta-pada-kamalaṁ śrī-gurūn vaiṣṇavāṁś ca
śrī-rūpaṁ sāgrajātaṁ saha-gaṇa-raghunāthānvitaṁ taṁ sa-jīvam
sādvaitaṁ sāvadhūtaṁ parijana-sahitaṁ kṛṣṇa-caitanya-devaṁ
śrī-rādhā-kṛṣṇa-pādān saha-gaṇa-lalitā-śrī-viśākhānvitāṁś ca

(Го нудам моето понизни почитување, на лотосовите стапала на мојот Духовен учител и на сите други учители, на патот на Посветеното служење. Го нудам моето понизно почитување, на сите Ваишнави и на Шесте Госвамија, вклучувајќи ги Шрила Рупа Госвами, Шрила Санатан Госвами, Рагунат даса Госвами, Џива Госвами и нивните придружници. Го нудам моето понизно почитување на Шри Адваита Ачарја, Шри Нитјананда Прабу, Шри Чеитанја Махапрабу и сите негови посветеници, предводени од Шривас Такур. Потоа го нудам моето понизно почитување, на лотосовите стапала на Господ Кришна, Шримати Радарани и сите Гопии, предводени од Лалита и Вишака.)

he kṛṣṇa karuṇā-sindho
dīna-bandho jagat-pate
gopeśa gopikā-kānta
rādhā-kānta namo 'stu te

(Ох мој драг Кришна, океан на милост, Ти си пријател на вознемирените и извор на креацијата. Ти си господар на краварите и љубовник на гопиите, особено Радарани. Го нудам своето понизно почитување на Тебе.)

tapta-kāñcana-gaurāṅgi
rādhe vṛndāvaneśvari
vṛṣabhānu-sute devi
praṇamāmi hari-priye

(Го нудам моето почитување на Радарани, чиј телесен тен е како топено злато и која е Кралица на Вриндаван. Ти си ќерка на Кралот Вришабану и си многу драга на Господарот Кришна.)

vāñchā-kalpatarubhyaś ca
kṛpā-sindhubhya eva ca
patitānāṁ pāvanebhyo
vaiṣṇavebhyo namo namaḥ

(Го нудам моето понизно почитување на сите Ваишнавски посветеници на Господ. Тие можат да ги исполнат желбите секому, исто како дрвјата на желбите и тие се полни со сомилост за паднатите души.)

śrī-kṛṣṇa-caitanya
prabhu-nityānanda
śrī-advaita gadādhara
śrīvāsādi-gaura-bhakta-vṛnda

(Го нудам моето почитување на Шри Кришна Чеитанја, Прабу Нитјананда, Шри Адваита, Гададар, Шривас и сите посветеници на Господ Чеитанја.)

hare kṛṣṇa hare kṛṣṇa kṛṣṇa kṛṣṇa hare hare
hare rāma hare rāma rāma rāma hare hare

(Мој драг Господе и духовна енергијо на Господ, љубезно вклучи ме во Твоја служба. Јас сум сега посрамотен со оваа материјална служба. Те молам, вклучи ме во Твојата служба.)


Вовед во Гитапанишад од А Ч Бактиведанта Свами авторот на Шримад Бхагавадам, Лесно патување на Други планети, уредникот на Враќање кај Бог дома, итн.


Бхагавад Гита е исто позната како Гитапанишад, суштина на Ведското знаење, и една од најважните литератури, од различните Упанишади во Ведската литература. Оваа Бхагавад Гита има многу коментари на Англиски и зошто е потребата од уште еден коментар на Англиски, на Бхагавад Гита, може да биде објаснето на следниот начин.

Една... Една американска дама, Г-ѓа Шарлот Ле Бланк ме замоли да и препорачам Англиско издание на Бхагавад Гита, кое таа може да го прочита. Секако, во Америка има толку многу изданија на Англиската Бхагавад Гита, но сите кои сум ги видел, не само во Америка туку и во Индија, никоја од нив може да се каже дека е стриктно авторитативна, бидејќи скоро сите, го изразија своето сопствено мислење преку коментарите на Бхагавад Гита без да го фатат духот на Бхагавад Гита каква што е.

Духот на Бхагавад Гита е споменат во самата Бхагавад Гита. Тоа е исто како оваа. Ако сакаме да земеме специфичен лек, тогаш мораме да го следиме специфичното искуство, напишано на етикетата на лекот. Не можеме да земаме специфичен лек, според нашите сопствени упатства или според упатствата на пријателот, туку мораме да го земаме лекот според упатството, дадено на етикетата на шишето и како е препишано од лекарот. Слично, Бхагавад Гита треба да се земе или да се прифати, како што е напишана од Самиот писател.