MK/Prabhupada 1058 - Говорникот на Бхагавад Гитa е Господ Шри Кришна



660219-20 - Предавање Вовед во Бхагавад Гита - Њујорк

Говорникот на Бхагавад Гита е Господ Шри Кришна. Тој е спомнат на секоја страна на Бхагавад Гита, како Севишна Божја Личност, Бхагаван. Секако, зборот „бхагаван" се припишува на секоја моќна личност или секој моќен полубог, но овде секако бхагаван е наречен Шри Кришна, возвишена личност, која истовремено е Бог Шри Кришна, како што е и потврдено од сите ачарји...Всушност би сакал да кажам, дури и Шанкарчарја, Рамануџачарја, Мадвачарја, Нимбарка Свами и Шри Чеитанја Махапрабу и многу други., го потврдуваат тоа. Во Индија, имало многу авторитативни ученици и ачарји, мислам на авторитети на Ведското знаење. Сите тие, вклучувајќи ги Шанкарчарја, го прифатија Шри Кришна, како Севишна Божја Личност. Господ Лично се етаблираше Себеси како Севишната Божја Личност, во Бхагавад Гита. Тој е прифатен, како таков и во Брахма Самхита и сите Пурани, особено во Бхагавата Пурана: Господ Шри Кришна е изворната Севишна Божја Личност (ШБ 1.3.28). Значи, треба да ја сфатиме Бхагавад Гита, како директна инструкција од Самата Севишна Божја Личност.

imaṁ vivasvate yogaṁ
proktavān aham avyayam
vivasvān manave prāha
manur ikṣvākave 'bravīt
(БГ 4.1)
evaṁ paramparā-prāptam
imaṁ rājarṣayo viduḥ
sa kāleneha mahatā
yogo naṣṭaḥ parantapa
(БГ 4.2)
sa evāyaṁ mayā te 'dya
yogaḥ proktaḥ purātanaḥ
bhakto 'si me sakhā ceti
rahasyaṁ hy etad uttamam
(БГ 4.3)

Идејата е...Господ му рече на Арџуна дека „Оваа јога, овој систем на јога, Бхагавад Гита, беше прво изречена од Мене на богот на сонцето, а богот на сонцето ја објасни на Ману. Ману ја објасни на Иксваку и на тој начин, по патот на ученичкото наследство, еден после друг, овој јога систем се пренесуваше, а со текот на времето, овој систем беше изгубен. И затоа, сега ви го пренесувам тој исти систем на јога повторно, тој ист стар систем на јога на Бхагавад Гита или Гитопанишад. Затоа што ти си Мој бхакта и ти си Мој пријател и затоа е можно само ти да го разбереш."

Толкувањето на Бхагавад Гита е дека, таа е расправа/дискусија, која е специјално наменета за бхактата на Господ. Има три класи на трансцеденталисти, наречени џании, јоги и бхакти. Или имперсоналист или медитатор или посветеник/бхакта. Тоа е прецизно споменато. Господ му вели на Арџуна: "Ти велам или Те правам, првиот човек на парампарата (ученичкото наследство). Бидејќи старата парампара или ученичко наследство сега е прекинато, Јас би сакал, да воспоставам, повторно друга парампара на истиот начин, во иста линија, како што се пренесуваше од богот на сонцето кон другите. Затоа, прифати ја и пренеси ја понатаму. Сега системот на јога на Бхагавад Гита, може сега да биде пренесен преку тебе. Ти постануваш авторитет за разбирање на Бхагавад Гита." Сега, еве ја назнаката дека Бхагавад Гита е изречена за да го поддучи Арџуна, посветеникот на Бог, директен ученик на Кришна. И не само тоа, тој е и интимно поврзан со Кришна, како пријател. Затоа Бхагавад Гита е разбрана од личност која има слични квалитети како Кришна. Тоа значи, тој мора да биде посветеник и тој мора да биде во однос, директен однос со Господ.