MK/Prabhupada 1062 - Ние Имаме Тенденција на Контрола Врз Материјалната Природа
660219-20 - Предавање Вовед во БГ - Њујорк
Тоа значи, дека грешиме. Кога гледаме прекрасни работи да се случуваат во космичката природа, треба да знаеме дека позади тие прекрасни манифестации, има контролор. Ништо не може да се манифестира, без да биде исконтролирано. Детски е да не се земе во предвид контролорот. Исто како едно многу фино моторно возило, со многу добра брзина и со многу добра инженерска изработка, кое вози по улица. Едно дете може да мисли „Како ова моторно возило се движи, без помош на било каков коњ или било каква влечна служба?“ Но, нормален човек или постара личност, знае дека и после сите инженерски аранжмани во моторното возило, без возачот, тоа не може да се движи. Тој инженерски аранжман на моторното возило или во електраната...Ова сегашно време е време на машини, но секогаш треба да знаеме дека позади тие машини, позади прекрасното работење на машините, стои возач. Така да Севишниот Господ е возачот, адјакша. Тој е Возвишената Личност под чија управа, се функционира. Сега овие џиви или живи суштества, тие се прифатени од Господ, во Бхагавад Гита, како што сите знаеме од подоцнежните поглавја, како делови и делчиња од Возвишениот Господ. Живите суштества се мои вечни делови (БГ 15.7). Амса значи делови и делчиња. Сега, како што делчето од златото е исто злато, а капката вода од океанот кој е солен, е исто солена, така слично, ние, живите суштества кои сме делови и делчиња на врховниот контролор, Ишвара, Бхагаван или Господ Шри Кришна, ние ги имаме, квалитативно сите квалитети на Севишниот Господ, во мало. Бидејќи ние сме ишвара во мало, подреден ишвара. Ние исто така, се обидуваме да контролираме. Ние постојано се обидуваме, да ја контролираме природата. Во сегашното време, се обидуваме да ја контролираме вселената. Се обидуваме да патуваме по измислени планети. Значи, оваа тенденција на контролирање или креирање е присутна, бидејќи ние делумно имаме тенденција за контрола. Но, треба да знаеме дека оваа тенденција, не е доволна. Ние имаме тенденција на контрола на материјалната природа, управување со материјалната природа, но ние не сме врховни контролори. Ова е објаснето во Бхагавад Гита.
Што е оваа материјална природа? Значењето на природата е исто објаснето. Природата, материјалната природа е објаснето во Бхагавад Гита како инфериорна, инфериорна пракрти. Инфериорна пракрти, а живите суштества се објаснети како супериорни пракрти. Пракрти значи она што е контролирано, она што е под...Пракрти, вистинското значење на пракрти е жена или женско. Исто како што сопругот ги контролира активностите на неговата жена, слично, пракрти е исто потчинетото нешто, нешто над што се доминира. Господ, Севишната Божја Личност е оној кој доминира, а пракрти-те и живите суштества и материјалната природа, се потчинети, исконтролирани од Севишниот. Според Бхагавад Гита, живите суштества иако се делови и делчиња од Возвишениот Господ, тие всушност се пракрти. Јасно е споменато во Седмото Поглавје на Бхагавад Гита, „apareyam itas tu viddhi aparā“(БГ 7.5). Оваа материјална природа е апара ијам. Итас ту, и над нејзе има друга пракрти. А што е таа пракрти?
Џива-бута...Всушност, оваа пракрти, составот на оваа пракрти е составен од три квалитети: начин/форма/гуна на доброст, гуна на страст и гуна на незнаење. И над овие гуни, три различни типови на гуна, доброст, страст и незнаење, се наоѓа вечното време. Вечно време. И со комбинација на овие гуни на природата, а под контрола и надлежност на вечното време, има активности. Има активности, кои се наречени карма. Овие активности се сторени од памтивек и ние ги страдаме или уживаме овошјата на нашите активности.